Напад со автомобил бомба врз полиција во Кандахар

Кандахар

Најмалку 5 авганистански полицајци загинаа, а 6 се ранети при напад на бомбаш самоубиец, кој со автомобил бомба се втурна врз вратата на полициски штаб во Кандахар.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот во областа која е позната како силно упориште на талибанците.