Грција - Сириза и натаму во предизборно водство

Алексис Ципрас

Лидерот на коалицијата на радикалната левица Сириза, Алексис Ципрас повтори дека ќе ги отфрли обврските на државата спрема планот за економски спас на ЕУ и ММФ.
За Сириза на парламентарните избори на 17 јуни би гласале 30 насто анкетирани гласачи додека за Нова демократија 26,5 проценти.
Ова се резултати на анкетата на неделникот Епикаира, според кои, крајно националистичка партија Златна зора, која доби седум насто од гласовите на 6 мај, во Јуни ќе добиела околу 4,5 проценти и одново ќе биде засатпена во парламентот.