Тутунската индустрија ги попречува глобалните напори против пушењето

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун испрати порака по повод 31 мај, Светскиот ден против пушењето во која се вели дека тутунската индустрија презема се поагресивни чекори за да ги намали глобалните заложби за намалување на опасностите од употребата на тутунските производи.
Тутунските производи предизвикуваат карцином, срцеви и респираторни болести кои претставуваат едни од водечките незаразни болести кои можат да се превенираат, се вели во пораката.
Секоја година околу пет милиони луѓе умираат поради тоа што користат тутунски производи. Дополнително, 600.000 луѓе умираат поради секундарна изложеност на тутунскиот чад.
Во пораката генералниот секретар нагласува и дека тутунските производи го успоруваат развојот и ја влошуваат сиромаштијата.