Русија не го менува ставот за Сирија

Владимир Путин

Русија нема да потклекне пред барањата на Запад да ја промени својата позиција спрема кризата во Сирија, изјави Дмитриј Пешков, портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин. Тој истакна дека рускиот став во врска со Сирија е конзистентен и добро избалансиран. Изјавата на Пешков е коментар пред планираното патување на Путин во Берлин и Париз, закажано за утре.
Русија и Кина, како постојани членки на Советот за безбедност на ОН, два пати спречија воведување санкции спрема режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад.
Сирија и ја обезбедува на Русија единствената поморска база надвор од територијата на поранешниот Советски Сојуз. Дамаск исто така е најдобар купувач на руско вооружување.