Пакистанскиот доктор затворен поради врски со терористи?

Судот во Пакистан соопшти дека докторот кој им помогнал на Соединетите американски држави во потрагата по лидерот на Ал Каеда осама Бин Ладен бил осуден на затворска казна поради врски со исламистички милитанти. Првобитните информации беа дека Др. Шакил Африди на тајното судење бил прогласен за виновен за предавство, за што добил 33 годишна затворска казна. Пакистанските власти сега тврдат дека докторот не е во затвор поради тоа што и помагал на ЦИА во потрагата по Бин Ладен, кој беше застрелан во мај 2011 година. Случајот дополнително ги комплицира веќе напнатите билатерални односи меѓу Соединетите американски држави и Пакистан.