Уште 50-тина мали потреси во Италија

Околу 50 помали потреси биле регистрирани во текот на изминатата ноќ во италијанската област Емилија Ромања, ден по силниот земјотрес во кој загинаа 16 лица, а 350 беа повредени. Околу 14.000 луѓе останаа без своите домови, а многумина се плашат да се вратат бидејки им се оштетени.