Назарбаев ги обвини социјалните мрежи за ширење лаги и зло

Претседателот на Казахстан, Нурсултан Назарбаев, оцени дека преку социјалните мрежи и интернетот се шират лаги и се пропагира злото и насилството. Зборувајки денеска во Астана на Конгрес за Светските традиционални религии, Назарбаев истакна дека социјалните мрежи наместо да дистрибуираат вистинско знаење, нудат еден куп лаги, ги делат општествата и создаваат ѕидови меѓу земјите. Тој предложи формирање онлајн портал кој ќе им помага на луѓето да соработуваат во рамките на светските традиционални религии.