Временска прогноза - Променливо облачно со повремен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди и со повремен локален дожд и со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, особено долж Повардарието. Температурата ќе се движи од 13 до 25 степени. Во Скопје температурата ќе достигне до 23 степени.