Расте бројот на настрадани во земјотресот во Италија

Петнаесетмина настрадале во земјотресот кој го потресе северниот дел на Италија со јачина од 5,8 степени според рихтеровата скала. Агенцијата за цивилна заштита соопшти дека уште петмина се водат за исчезнати. Сите жртви се од областа Модена. Денешниот потрес се случи девет дена по првиот земјотрес од 6 степени, кој се почувствува до центарот на Италија. Денешниот земјотрес наводно предизвикал уривање на градбите кои биле оштетени во првиот потрес.