Успешен ремонт на руска подморница во сопственост на Иран

Иранските власти соопштија дека успеале да направат ремонт на една од трите руски подморници и покрај тоа што официјална Москва одбила да помогне и не испратила резервни делови. Командантот на иранската морнарица Адмиралот Хабиболах Сајари рече дека една од трите руски подморници, кои биле купени од Русија пред две децении, била поправена со резервни делови од иранско производство. Според адмиралот, Москва побарала подморниците да се поправат во Русија. Иранските власти го одбиле барањето.