Ставрески: Ребалансот нема да ги намали платите и пензиите

Со ребалансот на Буџетот за 2012 година се зачувува фискалната дисциплина, високо ниво на капитални инвестиции од 20 проценти и не се намалуваат платите, пензиите, социјалната помош и субвенциите во земјоделството, изјави министерот за финасии Зоран Ставрески, во образложението за предлогот кој се дискутира во Собранието. „Со понудените измени и дополнувања на Буџетот првенствено се зачувувува фискалната дисциплина преку одржување на буџетскиот дефицит на одмерено ниво од 2,5 отсто од БДП. Тоа е ниво на дефицит кое истовремено овозможува соодветна поддршка на стопанството и економијата во услови на нарушена економска состојба во европската економија, при истовремено задржување на државниот долг на ниско ниво“ рече Ставрески.