Главниот Хашки обвинител Окампо кандидат за иследник на ФИФА

Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд во Хаг Луис Морено Окампо е најсериозен кандидат на местото главен иследник на меѓународната фудбалска федерација ФИФА. Тој би требало да го води истражното биро на обновениот етички суд во рамките на ФИФА. Извршниот комитет на ФИФА на 29 идниот месец ќе заседава во Женева за да расправа за кандидатите на таа позиција која се смета за решавачка во борбата против големиот број корупциски скандали. На Окампо сегашниот мандат како главен обвинител во Хаг му завршува во јуни.