Кина и Јапонија ќе тргуваат директно со нивните валути

јен

Јапонија и Кина од први идниот месец ќе почнат директно тргување со нивните сопствени валути, јен и јуан, напуштајќи го постојниот систем со кој односот меѓу овие валути се ордедува врз основа на доларот. Ова денеска го изјави јапонскиот министер за финансии Џун Азуми. Ваквата трговија, како што изјави тој во Токио, ќе се одвива на берзите во Токио и во Шангај и со тоа ќе се намалат трошоците за трансакција. Овој потег се смета за еден вид поттик на трговијата и инвестициите меѓу Кина и Јапонија, втората и третата по големина светски економии.