Русија го критикува американскиот амбасадор во Москва

Американскиот амбасадор во Русија, Мајкл Мекфол

Министерството за надворешни работи на Русија остро го критикуваше американскиот амбасадор во Москва Мајкл Мекфол поради ставовите за Русија кои беа изнесени на заеднички собир со студенти. Мекфол изјавил дека Русија му понудила пари на Киргистан доколу таа држава донесе одлука да ја затвори американската база на својата територија. Руското министерство исто така го обвини Мекфол дека намерно ја извртува руската позиција кон иранската нуклеарна програма и додава дека ова не е првпат изјавите и однесувањата на Мекфол да предизвикуваат забуна во јавноста.