Украина се надева на 1,5 милијарди профит од „Еуро 2012“

Украинските власти се надеваат на профит од 1,5 милијарди американски долари од одржувањето на европскиот фудбалски шампионат „Еуро 2012“ од осми јуни до први јули. Украинскиот министер за инфраструктура Борис Лолесников рече дека власта очекува рестораните, кафулињата и хотелите да работат со полна пареа. Министерот додаде дека „Еуро 2012“ е одлична промоција за Украина. Земјата има инвестирано 5 милијарди долари за инфраструктурни проекти и изградба на хотели.