Анан го охрабрува Асад да го прекине насилството во Сирија

Кофи Анан

Специјалниот пратеник на Обединетите нации во Сирија Кофи Анан го повика сиријскиот претседател Башар ал Асад да превземе храбри чекори за мирно решавање на конфликтот во земјата. Еден ден пред средбата со претседателот, Анан во Дамаск рече дека планира „сериозни дискусии“ со Асад. Пратеникот додаде дека е згрозен од масакрот во Хула, во кој од 100-тината убиени, повеќето биле жени и деца.