Шефот на украинскиот Олимписки комитет си поднесе оставка

Шефот на украинскиот Национален олимписки комитет си поднесе оставка по обвинувањата дека на црно продавал билети за Олимписките игри во Лондон. Комитетот соопшти дека Володимир Герашенко се согласил да соработува со независен истражен комитет кој ќе ги разгледува обвинувањата. Минатата недела Герашенко тврдеше дека се шегувал со новинарот на кој му понудил да купи влезници. Од Олимпискиот комитет велат дека немаат вишок билети за продавање.