Британскиот екс-премиер на сослушување

Поранешниот британски премиер Тони Блер се појави на сослушување за медиумска етика во врска со скандалот со хакирање на телефони во медиумската империја на Роберт Мурдок. Блер во Лондон сведочел дека повеќе сакал да ја освои подршката на британските медиуми отколку да ги навреди моќните медиумски тајкуни за време на десетте години додека бил на власт. Екс-премиерот додаде дека користењето на медиумите како инструменти за политичка моќ е, како што рече, нездраво. Блер, кој беше на премиерската функција од 1997 до 2007 година, наводно бил близок со Мурдок.