„Кооперативна долга стрела/Лансер 2012“, на АП „Криволак“

Криволак

Претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили, Ѓорге Иванов, заедно со министерот за одбрана Фатмир Бесими, началникот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Горанчо Котески и командантот на Командата на НАТО од Мадрид, Алфредо Кардона, денеска ќе присуствуват на досега најголемата меѓународна вежба „Кооперативна долга стрела/Лансер 2012“, која ќе биде одржана на армискиот полигон „Криволак“.
На вежбата ќе учествуваат припадници на АРМ и армиите на Азербејџан, Австрија, Белорусија, Босна и Херцеговина, Грузија, Ерменија, Казахстан, Молдавија, Србија, Украина, Црна Гора и Швајцарија, како земји членки на Партнерството за мир, додека од армиите на членките на НАТО учествуваат припадници на САД и на Шпанија.
Основна цел на вежбата беше зголемување на нивото на интероперабилност и говотност на единиците, обука на штабниот персонал според НАТО стандардите, како и оценување на декларираните единици на АРМ според Концептот за оперативни способности.