Критичарот на Ахмадинеџад реизбран за парламентарен спикер

Али Лариџани

Конзервативниот критичар на Претседателот Махмуд Ахмадинеџад Али Лариџани е реизбран за спикер на новиот ирански Парламент. И неговиот противник Али Хадад Адел е исто така конзервативен, а и двајцата се блиски до Ајатолахот Али Каменеи, со таа разлика што Адел имал помодерен пристап кон админситрацијата на Ахмадинеџад.
Конзервативните противници на Ахадинеџад го добија мнозинството во Парламентот на изборите на почетокот на месецов кои Хјуман Рајтс Воч ги оцени како нефер бидејки сите одобрени кандидат беа подржувачи на режимот.