Собранието треба да расправа за интерпелацијата на министерот Ставрески

Собранието на Република Македонија денеска како прва точка на дневен ред ja има интерпелацијата за работата на вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески поднесена од пратениците од опозицијата.
На дневен ред на оваа седница се и дополнетиот предлог за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2012 година, во второ читање, како и Предлог на закон за изменување на Законот за шумарска и ловна инспекција, предлозите на законите за изменување и дополнување на Законот за договорен залог и на Законот за правното наследство на Република Македонија на членството во Меѓународниот монетарен фонд, двата во второ читање.