„Златна палма“ за Михаел Ханеке

Филмот насловен „Љубов“ на австрискиот режисер Михаел Ханеке ја доби наградата „Златна палма“ на годинешниот 65. филмски фестивал во Кан. Тоа е втора „Златна палма“ за Ханеке, кој во 2009 година во Кан победи со филмот „Белата лента“. Во филмот се ракажува едноставна и трагична приказна за париски сопруг кој се грижи за сопругата која е на смртна постела. Канското жири го награди и филмот „Реалност", трагикомедијата на режисерот Матео Гароне, со Гран при.