Брачна двојка од БиХ уапсена поради малтретирање на девојка

Босански брачен пар од Тузла осум години држеле под ропство девојка со германско државјанство, која сега има 19 години. Брачниот пар Миленко и Славојка Маринковиќ, се уапсени на 17 мај и им е одреден едномесечен притвор. Случајот во полиција го пријавил нивниот сосед. Полицијата соопшти дека 19-годишната девојка била пронајдена во лоша здрастевна состојба, била малтретирана и било забрането да се среќава со луѓе и да посетува училиште. Мајката на девојката е поранешна сопруга на Миленко Маринковиќ.