Путин е воодушевен од настапот на бабушките на Евросонг

Рускиот претседател Владимир Путин им го честиташе второто место на руските бабушки кои настапија на Изборот на песна на Евровизија вчеравечер во Азербејџан. Лидерот вети дека наскоро ќе го посети нивното село. Путин за руските медиуми изјавил дека е воодушевен од настапот на бабушките на настанот. Првото место на изборот го освои композицијата „Еуфорија“ во изведба на Лорин од Шведска.