Грчки критики за шефицата на ММФ

Евангелос Венизелос и Кристин Лагард

Политичките партии во Грција упатија критики до шефицата на Меѓународниот монетарен фонд Кристине Лагард поради нејзиното тврдење дека Грците избегнуваат плаќање данок. Лидерот на социјалистите Евангелос Венизелос рече дека Лагард го навредила грчкиот народ. Лидерот на левичарите Алексис Ципрас рече дека Грците ги плаќаат даноците кои според него се неподносливи. Лагард во саботното интервју за весникот „Гардијан“ потенцираше дека грчкото избегнување на даноците е фактор кој влијае врз финансиските проблеми во земјата.