Власта во Мали ја одби декларацијата за нова држава

архивска фотографија од неколкумина припадници на бунтовничките групи во Мали

Техничката влада во Мали ја одби декларацијата на две бунтовнички групи кои договорија формирање на независна исламска држава во северот на земјата. Министерот за информации Хамадоун Тоур изјави дека владата „категорично ја одбива идеата за формирање на независна држава“.Портпароли од двете исламистички групи потврдија дека претставници на МНЛА и Ансар Дине потпишале договор во градот Гао во саботата. Двете исламистички групи го освоија северот на Мали кон крајот на Март. Окупираната територија е голема колку Франција.