Опозициски протест во Грузија

од собирот на Плоштадот на слободата во главниот град на Грузија

Десетици илјади жители на Грузија се собрале на протести во подршка на опозициската алијанса „Грузиски Сон“ на чело со милијардерот Бидзина Иванишвили, јавуваат медиумите. Подржувачите се собрале на плоштадот во Тбилиси со цел демонстрирање сила пред изборите во Октомври. Опозиционерите го обвинуваат актуелниот претседател Михаил Сакашвили за авторитарни тенденции, додека други стравуваат дека лидерот ќе се обиде да стане премиер во 2013 година, кога ќе му завршат двата дозволени претседателски мандати. Полицијата за сега одбива да даде официјална проценка на бројот на присутните на денешниот протест.