Затворска казна за близок соработник на Мубарак

Египетската официјална новинска агенција јави дека кривичниот суд го осудил за корупција најблискиот сојузник на екс – претседателот Хосни Мубарак. Поранешниот шеф на претседателскиот кабинет Закариа Азми добил седумгодишна затворска казна и парична казна во износ од 6 милиони американски долари во пресудата за случајот за корупција. Обвинетиот се товари за кражба на 7 милиони американски долари. Пресудата се случува пред судењето на екс-лидерот Мубарак, закажано на 2 јуни.