Ахмадинеџад бара подршка од иранските пратеници

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад побара од пратениците да му помогнат во соочувањето со, како што ги рече, злобниците кои ја опкружиле земјата. Шефот на државата исто така апелираше до пратениците да не се мешаат во областите за кои е надлежен. Ахмадинеџад ги постави барањата во своето обраќање пред новиот парламентарен состав на исламската република. Неговиот говор се смета за апел до неговите конзервативни противници кои ги победија сојузниците на претседателот на последните парламентарни избори.