Четворица војници на НАТО убиени во Авганистан

илустрација

НАТО мисијата ИСАФ соопшти дека четворица припадници на Алијансата загинале во бомбашки напади во југот на Авганистан. Во соопштението се наведува дека војниците загинале во „одвојни напади со импровизирани експлозивни направи“ во саботата. Нема дополнителни детали за инцидентите. Се шпекулира дека еден од загинатите е британски војник. Британското министертство за одбрана потврди дека тој загинал во возило. Авганистанското министерство за внатрешни работи соопшти дека шестмина милитанти биле убиени во четири операции во источните провинции на земјата.