Србија ќе добие 800 милиони доалри заем од Русија

Рускиот претседател Владимир Путин денеска вети дека ќе му даде на Белград 800 милиони долари заем. Парите се дел од втората транша од кредит во износ од милијарда долари кој беше договорен пред две години. Досега Србија од тој кредит доби само 200 милиони долари. Ветувањето за втората транша денеска го доби новиот претседател на Србија Томислав Николиќ кој првата посета ја оставри во Моска неколку дена пред да биде извершена свечената инагурација. Путин на средбата со новиот српски колега изјави дека не само што Србија е важен традиционален партнер на Русија од Балканот, туку Србите се и духовни браќа на Русите.