Над 90 луѓе убиени за 24 часа во Сирија

Сириски активисти тврдат дека во изминативе 24 часа биле убиени над 90 луѓе при артилериски оган во градот Хоула во провинцијата Хомс.
Тие тврдат дека на интернет страната Youtube се објавени и снимки на кои биле прикажани и тела на десетици деца убиени во градот Хоула во петокот, откако владини трупи отвориле оган. Информацијата за убиствата се уште не е независно потврдена поради ограничувањата за странските медиуми во Сирија. Обединетите Нации соопштија дека тим од набљудувачи од нивната организација е на терен во таа област. Во нивното соопштение е наведено дека од почетокот на насилтвото во Март минатата година над 10 илјади луѓе се убиени. Насилството во Сирија продолжи и покрај склученото примирје и присуството на набљудувачи од ОН.