Вооружен напаѓач уби две лица во Финска

Хивинка, 26.05.2012


Рано изутрината едно лице стрелало врз случајни минувачи во центарот на градот Хивинка, во Финска, при што убил една 18-годишна девојка и едно момче на иста возраст, а ранил уште 7 лица. Двајца од ранетите биле во критична ситуација. Според финската полиција, напаѓачот имал 18 години и бил уапсен. Градот Хивинка е на 50-тина километри северно од главниот град Хелсинки.