Бан Ки Мун: Ситуацијата во Сирија е екстремно опасна

Генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки Мун во извештајот до Советот за Безбедност, наведе дека во Сирија продолжуваат секојдневните насилства и покрај прогласеното примирје пред еден месец и распоредените околу 270 меѓународни посматрачи. Тој оценува дека ситуацијата во Сирија е екстремно сериозна и ги повика сите држави да не им доставуваат оружје ниту на владините сили ниту на опозиционите бунтовници. Во меѓувреме, сиријски активисти соопштија дека над 70 луѓе биле убиени, вклучувајки и 13 деца, во вчерашните борби во земјата, во кои владините сили користеле тенкови и тешка артилерија.