Уапсен организаторот на шверцот со човечки органи на Косово

Џонатан Рател

Организаторот на шверцот со човекови органи кој неколку години го бараа косовските власти бил уапсен во Израел. Ова за Франс прес го изјави специјалниот обвинител на Европската унија Џонатан Рател. Станува збор за Моше Харел кој со уште седумина други се соочува со судење под обвинение за шверц на органи и нивна трансплантација во клиниката ,,Медикус,, во Приштина во 2008 година. Тогаш Харел беше уапсен, но побегнал од Косово.