Јеменската војска убила 35 милитанти на Ал Каеда

Сцена по нападот во кој загинаа 96 војници

Министерството за одбрана на Јемен соопшти дека оружените сили извеле напад врз позиции на Ал Каеда во јужниот дел на земјата, убивајќи 35 милитанти. Во соопштението се наведува дека војската ја презела контролата врз Вади Бана Араб, во близина на градот Јар, уште едно упориште на Ал Каеда.
Нападот доаѓа откако Ал Каеда ја презеде одговорноста за самоубиствениот бомбашки напад за време на пробата за воена парада кога загинаа 96 војници.