Тимошенко не била пуштена да присуствува на погреб

Украинските власти потврдија дека на екс-премиерката Јулија Тимошенко не и било дозволено да присуствува на погребот на таткото на нејзиниот сопруг. Таа отслужува седумгодишна затворска казна поради наводна злоупотреба на службената должност, обвиненија кои Европскиот парламент бара да бидат преиспитани од независна комисија. Украинскиот државен затворски сервис соопшти дека на затворениците им се дозволува да присуствуваат на погреби само на блиски роднини и дека татко на сопругот не спаѓа во таа категорија. Екс-премиерката, по речиси тринеделен штрајк со глад се наоѓа во болница поради проблеми во грбот.