ЕУ сака проевропска влада во Србија

Европската унија очекува брзо формирање на српска влада на која евроинтеграциите ќе и бидат приоритет, но не се меша во составот, изјави денеска словачкиот министер за надворешни работи Мирослав Лајчак, кој престојува во Белград како личен пратеник на шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон. „Тоа што е клучно за ЕУ е дека сака влада со амбиција и сила да спроведе реформи, која ги има евроинтеграциите како приоритет и која е подготвена да ги преземе обврските на досегашната власт и да ги продолжи преговорите со Приштина“ рече Лајчак по средбта со српскиот колега Вук Јеремиќ.