Рускиот опозиционер Навални повикува на нови протести против Путин

Алексеј Навални, Москва 24.05.2012

Алексеј Навални, лидерот на опозиционото движење против владеењето на претседателот Владимир Путин, откако вчера беше пуштен од затвор, најави нов протест на 12-ти јуни. Навални повика и на национален протест во Русија, во септември. Вчера од 15-дневен притвор беше пуштен и Сергеј Удалтсов, исто така опозиционен активист.