ЕК препорача старт на преговорите со Црна Гора

Европската комисија уште еднаш препорача почеток на предпристапните преговори со Црна Гора. Во денешниот извештај Комисијата посочува дека земјата спровела реформи во области како владеење на правото, фундаменталните права, подобрување на судскиот систем, борбата против корупцијата и анти-дискриминација. ЕК лани исто така препорача почеток на преговорите со Подгорица но земјите членки на Унијата ја одложија одлуката се` до излегувањето на извештајот на Комисијата.