Лидерите од ЕУ ќе разговараат за економски раст

Лидерите на 27 земји членки на Европската унија се состануваат во Брисел на разговори за должничката криза, создавање на работни места и економски раст. Организацијата за економска соработка и развој во вторникот ги предупреди 17 земји членки на Еврозоната дека постои ризик од запаѓање во голема рецесија. Европските лидери ќе се фокусираат на стимулирањето на растот во Европа по неколкугодишно промовирање на мерки за штедење.