Истрага за смртни случаи во Казахстанска болница

Илустрација

Обвинителството во Казахстан почна прелиминарна истрага за 60 смртни случаи на новороденчиња во клиника во Алманти годинава. Болницата е затворена до 6 јуни. Најмалку 16 бебиња биле мртвородени додека другите починале од различни причини. Портпарол на обвинителството за Радио Слободна Европа потврди дека истрагата се уште е во иницијална фаза и дека за сега не се покренати кривични обвиненија.