Презентиран предлог до Иран за нуклеарната програма

Кетрин Ештон и преговарачот за иранската страна Саед Џалили

Претставници на шестте светски сили презентираа предлог до Иран кој се однесува на загриженоста за 20 процентното збогатување на ураниум. Исламската република претходно одби да го намали нивото на збогатување кое на сегашното ниво може да се употреби за производство на нуклеарно оружје. Портпарол на шефот на Европската унија за надворешна политика Кетрин Ештон рече дека понудата била предадена на денешниот состанок во Багдад. За сега нема дополнителни детали. Не е познат ни одговорот на иранската делегација.