Клинтон ја поддржува политиката на отворена врата на НАТО

Хилари Клинтон

Официјален претставник на американската администарција за Радио Слободна Европа изјави дека државниот секретар Хилари Клинтон силно ја поддржува политиката на отворена врата на НАТО. Таа на своето излагање на самитот во Чикаго ја истакна историската улога што ја има НАТО во поттикнувањето на демократизацијата и реформите и оти проширувањето е во интерес на Алијансата. Оваа изјава всушност претставува одговор на прашањето на РСЕ дали на идниот самит на НАТО, Соединетите држави ќе го поддржат членството на Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Грузија.