Во Египет први избори за претседател

Во Египет се одржуваат првите претседателски избори откако Хосни Мубарак по 30 години беше отстранет од власт со народно востание во февруари минатата година. Дводневното гласање се одвива на 13 илјади изборни места. Во трката се 13 кандидати, меѓу кои како главни ривали се посочуваат поранешниот шеф на Арапската лига и министер за надворешни работи Амр Муса и Мухамад Морси, кандидат на Муслиманското братство. Доколку ниту еден кандидат на освои доволно гласови ќе се одржи и втор круг во идниот месец.