Успешно тестирана нова руска ракета

Русија соопшти дека успешно тестирала нова интерконтинентална ракета. Полковник Вадим Ковал од руските стратегиски ракетни сили денеска во Москва изјави дека ракетата била лансирана во Плесетцк во сверозпадна Русија а погодила цел на полуостровот Камчатка на Далечниот Исток.