Грчки екстремисти се судриле со полицијата во Патра

Едно лице било повредено во вчерашниот судир меѓу приврзаници на ултрадесничарската партија Златна зора со полицијата за време на антиимигрантскиот протест во грчкиот град Патра. Повод за демонстрациите било минатонеделното убиство на грчки државјанин кој бил нападнат од тројца авганистанци. Околу 200 граѓани на Патра се обиделе да влезат во старата фабрика, каде што претстојуваат имигрантите, кои сакаат со ферибот да отпатуваат за Италија. Приврзаниците на Златна зора се приклучиле на протестот и почнале да фрлаат камења фрлале кон полицијата што ги обезбедувала имигрантите.