Началникот на ГШ Котески и амбасадорот Волерс ќе ја посетат вежбата во Криволак

амбасадорот на САД во Македонија Пол Волерс

Началникот на Генералштабот на АРМ генерал мајор Горанчо Котески и амбасадорот на САД во Македонија Пол Волерс денеска ќе ја посетат вежбата „Кооперативна долга стрела, Лансер 2012“ на полигонот Криволак. Волерс ќе ги посети американските војници кои учествуваат на вежбата. САД преку својата Амбасада во Република Македонија за потребите на оваа вежба донираа финасиски средства кои беа искористени за осовременување на инфаструктурата и телекомуникациите на Криволак со што во иднина полигонот може да прерасне во регионален тренинг центар.