Лидерите на ЕУ во Брисел ќе разговараат за должничката криза

Лидерите на 27 земји од Европската унија се сретнуваат денеска во Брисел за да се обидат да најдат начини околу надминување на должничката криза и да промовираат отворање работни места и економски раст.Организацијата за Економска Соработка и Развој предупреди дека 17 земји од еврозоната имаат ризик од паѓање во рецесија.Европските лидери се очекува да бидат фокусирани врз стимулирање на економскиот раст. Во Грција поради економските случувања гласачите ги казнија политичките партии на парламентарните избори овој месец.Новоизбраните француски власти ветија дека нема да биде потпишан европскиот фискален пакет се додека не вклучува мерки што ќе промовираат раст.