Руската Дума се изјасни позитивно за законот со кој се казнува учество во протести

Руските пратениции го изгласаа во првото читање законот кој воведува драматични казни против луѓето што учествуваат во насилни јавни демонстрации.Законот кој е предложен од Обединетата партија на Русија вклучува казни од 1,5 милиони рубљи или околу 48,000 долари за секој што ќе биде прогласен за виновен. Иницијативата беше осудена од опозицијата која оцени дека тоа е закана за опстанокот на протестните движења против претседателот Владимир Путин.Три опозицики партии во Думата гласаа против мерките што ги предвидува законот.